Top Sport

По Џиџио, и постариот брат Донарума го напушти Милан

Семејството Донарума целосно „раскрсти“ со Милан, откако постариот брат, Антонио Донарума си замина од „росонерите“ со трансфер во третолигашот, Падова, потврди клубот од провинцијата Венето.

31-годишниот Антонио беше во Милан само бидејќи тоа беше дел од договорот со кој Џанлуиџи Донарума беше голман на „росонерите“, и откако тој замина како слободен играч во Пари Сен-Жермен, беше јасно дека за него нема место на „Сан Сиро“.

„Калчо Падова потврдува дека Антонио Донарума е нашиот нов голман. Антонио потпиша едногодишен договор со клубот“, потврдија од Падова.

Scroll to Top