Top Sport

По дојава од УЕФА, Србите ги казниле Смедерево и Кабел

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) им одзеде по десет поени на фудбалските клубови Кабел и Смедерево бидејќи го загрозиле интегритетот на лигата во која се натпреваруваат.

ФСС реагирале по дојавата од УЕФА дека натпреварот помеѓу двата тима не бил регуларен. УЕФА ги контактирале надлежните во српскиот Сојуз откако биле предупредени дека имало голем број на уплати на овој натпреварот помеѓу Смедерево и Кабел.

Дуелот, одигран на 14 октомври, завршил со победа на Смедерево (2:1), откако домашниот тим направил пресврт во вториот дел. Кабел мечот го завршиле со играч помалку.

Исто така клубовите се казнети и парично, кабел со три милиони динари (околу 27.000 евра), а Смедерево со два милиони динаро (околу 18.000 евра).

Scroll to Top