Top Sport

По „фијаското“ со Торонто, Инсиње сака во Саудиска Арабија

Поранешниот капитен на Наполи, Лоренцо Инсиње сака да го напушти Торонто ова лето и да го искористи интересот за трансфер во Саудиска Арабија, тврди „Калчомеркато“.

32-годишниот Инсиње имаше одлична прва сезона во МЛС лигата, со 6 гола и 2 асистенции во првите 11 меча, но оваа сезона, тој има само 4 гола во 15 настапи и според италијанските медиуми не е среќен со животот во Канада и веќе го сменил својот агент во обид да дојде до трансфер.

Неговиот сонародник и тимски колега, Федерико Бернардески, исто така не се снајде најдобро во МЛС лигата и би сакал во летниот преоден рок да се врати во Италија.

Scroll to Top