Неколкумина играчи на Кардиф се плашат да летаат со авион, открил Сол Бамба. Тој дополнил дека ова се случило откако исчезна авионот во кој бил Емилијано Сала.
Авионот во кој биле новиот играч на Кардиф, Сала и пилотот Дејвид Иботсон, исчезна над Ламаш минатиот понеделник. Властите по авионот трагаа три дена, а од вчера приватна потрага организираше семејството на фудбалерот.
Кардиф, синоќа, го одигра првиот меч по исчезнувањето на Сала и во Лондон беше поразен од Арсенал со 2:1.
„Влегувавме во авионот, а неколкумина коментираа дека е подобро да патуваме со некое друго превозно средство. Можеби клубот треба да ангажира никого да разговара со нив“, рекол Бамба и дополнил.
„Не ми е само мене тешко иако лично го познавав Сала. Тешко им е на сите во клубот“.