Top Sport

По „корпата“ од ПСЖ, Мурињо отвори преговори со Рома

Жозе Мурињо почнал со преговори за продолжување на договорот со Рома, откако стана јасно дека шпекулациите за можен трансфер во Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид, најверојатно е останувањето на „Олимпико“, тврди „Спортиталија“.

Иако има договор со Рома до јуни 2024, самиот португалски тренер ги зголеми шпекулациите дека може да замине со неколку изјави дека очекува повеќе вложувања од шефовите на тимот, но и од своите фудбалери. Сепак, по поразот од Севилја на пенали во финалето на Лига Европа, на последниот меч од Серија А со Специја, Мурињо ги израдува фановите гестикулирајќи дека сака да остане во Рома.

Според „Спортиталија“, американските газди на Рома, решиле дека се работи за вистинско време да го продолжат договорот на „специјалниот“ со ветување за буџет за засилувања ова лето.

Scroll to Top