Top Sport

По отсуството на Силва, Касемиро ќе биде капитен на Бразил

Без нов постојан селектор, фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунјтед, Касемиро ќе биде капитен на Бразил на пријателските мечеви по повредата на Тијаго Силва.

Бразил утре игра со Мароко во Тангер во прв меч по Светското првенство во Катар под водство на преодниот селектор, Рамон Менезес по заминувањето на Тите.

„Се чувствувам подготвен и благодарен сум на довербата. Тите имаше своја фудбалска филозофија и тоа мораме да го почитуваме, посебно ние поискусните фубалери. Почитта на теренот треба да се заслужи“, вели Касемиро.

Тијаго Силва се повреди играјќи за Челси минатиот месец и го очекува пауза барем до средината на април.

Scroll to Top