Top Sport

По „пеналот“ се јави и вице-премиерот Салвини: Срамота е што му направија на Милан (видео)

Контроверзниот италијански вице-премиер и страствен навивач на Милан, Матео Салвини беше меѓу ретките фанови на „росонерите“ на гостувањето во Грција кај Олимпијакос и изјави дека е „срамота“ што неговиот омилен клуб беше елиминиран со контроверзен пенал.

Милан загуби со 3:1, еден од ретките порази со два гола разлика кои го носеа Олимпијакос во следната рунда, откако беше досуден пенал кој Фортунис го круниса во гол во 81. минута од мечот. Пораз од 4:2, 5:3 и така натаму значеше дека Милан ќе биде пред Олимпијакос.

„Не го зборувам ова како навивач на Милан, туку како министер – вистинска срамота“, изјави Салвини по мечот.

Пеколна грчка ноќ за Милан! Олимпијакос го исфрли од Лига Европа! (видео)

Scroll to Top