Сајлас Вамангитука постигна два гола за да им даде на новите бундеслигаши Штутгарт победа од 2:1 на гостувањето кај Вердер за прекинување на низата од пет меча без победа.
Во 31. минута, позајмениот фудбалер од Манчестер јунајтед, Тахит Чонг одлично му асистираче на Конгоанецот Вамангитука да ги донесе водство гостите. Овој резултат остана до 90-тата минута, кога повторно Силас ја искористи грешката на одбраната на „зелените“. Вердер постигна гол во 93. минута преку Дејви Селке. Македонскиот репрезенативец Дарко Чурлинов влезе во игра во последните минути од мечот, токму на местото на двојниот стрелец Вамангитука.
Штутгарт сега има три поени предност пред Вердер на осмото место на табелата.