Во дуелот на младинските тимови на Лас Палмас Б и Лас Колорадас Б, резултатот од 47:0 ја покажа супериорноста на Лас Палмас и отвори многу прашања за исправноста на вакви резултати и влијанието на младите кои се вклучени во спортот.
Бидејќи Лас Палмас учествува во регионалната младинска лига на Канарските Острови, таму има целосна доминација, и стана шампион во сите 11 младински категории во сезоната 2016/17 година. Оваа доминација е присутна цела деценија, меѓутоа резултатот од 47:0 во меч од само 60 минути донесе голема дискусија во Шпанија.
Од тимот на Лас Колорадас, кој пред мечот имаше 12:147 скор, велат дека е виновен системот на натпреварување, кој го приморува нивниот тим да игра со супериорен противник како Лас Палмас, но во исто време се лути и на тренерите на доминантниот тим бидејќи наместо да ги охрабрат играчите да играат фудбал со додавање, се решија на безмилосни напади кон голот.
„Односот на тренерот на Лас Палмас не беше коректен. Мислам дека и двата тима не научија ништо од тој наптревар. Судијата двапати мораше да ја враќа топката на центарот бидејќи децата од Лас Палмас пребргу ја изведуваа топката за да постигнат нов гол. Секој удар беше шанса за нив“, објаснува Јон Осес, тренерот на Лас Колорадас.
Тој признава дека дел од неговите деца плачеле во текот на натпреварот.
„Најмногу ме болеше да ги видам лицата на децата, кои не сакаа да продолжат да играат“, додава Осес.
Тој сепак, додава дека од Лас Палмас се извиниле за однесувањето и најавиле соработка со младинскиот тим.
Од шпанската федерација велат дека се запознаени со проблемот, но дека дел од вината е и кај тимовите.
„Веќе четири сезони, клубовите ги водат работите во младинската лига на Канарските Острови. Работиме да се избегнат вакви резултати, но постојат исклучоци. За да се избегне сличен случај, самите тимови мораат да поработат со своите деца“, велат од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).