Top Sport

По секоја цена сака во Барса, Нејмар најавил штрајк

Бразилецот Нејмар се наоѓа во центарот на медиумското внимание од моментот кога објави дека повеќе не сака да игра за Пари Сен Жермен и дека сака да се врати во Барселона.

Пред две години, Нејмар, за рекордна сума од 222 милиони евра замина од „Ноу Камп“ и се пресели во Париз, каде не успеа да ги оствари своите и целите на клубот. Сега се покајал и сака назад во Барселона, бил и подготвен да упати јавно извинување поради начинот на кој пред две години го напуштил „Ноу Камп“.

Шпекулациите велат дека челниците на Барселона подготвиле понуда за ПСЖ, Фелипе Кутињо и 100 милиони евра. Од Париз одговориле дека сакаат 100 милиони евра и двајца играчи, Иван Ракитиќ и Самуел Умтити.

Влијателниот медиум од Каталонија „Спорт“, тврди дека Нејмар бил подготвен да стапи во штрајк, доколку најскоро не биде реализиран трансферот. Наводно тој немало да се појави на почетокот на подготовките.

ПСЖ со подготовките за новата сезона ќе стартува в понеделник.

Scroll to Top