Top Sport

По слабата форма Рашфорд го губи местото во англиската репрезентација

Маркус Рашфорд нема да биде дел од англиската репрезентација на пријателските мечеви против Швајцарија и Брегот на Слоновата Коска оваа година, и неговото место за Мундијалот во Катар е неизвесно, тврди „ЕСПН“.

24-годишниот напаѓач на Манчестер јунајтед нема заиграно од Англија од ЕУРО 2020 поради операција на рамото, и откако се врати на терен за „ѓаволите“ од 16 октомври, тој има само 5 гола во 24 настапи, и само два старта во последните 11 меча.

Изворите на „ЕСПН“ велат дека селекторот Герет Саутгејт нема да ја смени својата практика да избира играчи кои постојано играат на високо ниво за своите клубови. На негово место ќе бидат повикани Хери Кејн, Рахим Стерлинг, Џек Грилиш, Фил Фоден, Букајо Сака и соиграчот на Рашфорд, Џејдон Санчо.

Scroll to Top