Кристијано Роналдо реши да посвети малку време на самиот себе по шокантниот пораз во Копа Италија од Аталанта. Тимот на Масимилијано Алегри, кои се убедливо први во Серија А без пораз, загубија со 3:0 во Бергамо.
Роналдо потоа постави фотографија од неговиот дом, каде што ужива во бања со порака: „Време за опоравување. Добра ноќ на сите“.
И покрај овој пораз, Јуве останува на добар пат до нова титула во Серија А бидејќи имаат 11 поени повеќе од Наполи пред саботниот дуел со Парма.