Бешикташ и Фенербахче се сретнаа вторпат по само пет дена, овојпат во првиот меч од полуфиналето на Турскиот куп, во жесток меч во кој имаше три црвени картони и четири гола, за да заврши 2:2.
„Црните орли“ поведоа уште во 14. минута преку Алваро Негредо, но само три минути подоцна, Фенер израмни преку Роберто Солдадо. Во 44. минута, Алпер Потук доби втор жолт картон и Фенер остана со играч помалку, но до финишот на полувремето го преземаа водството преку Сенер Озбајракли.
Рикардо Кварезма, подолго време еден од најдобрите играчи на Бешикташ влезе во игра во второто полувреме и веќе во 52. минута доби директен црвен картон поради удирање на противник.
Quaresma was brought on at HT
10 mins later he got subbed off!
From Trivela hero to Zero pic.twitter.com/hGPSjEq71m— Turkish Football (@Turkish_Futbol1) March 1, 2018
Фенербахче потоа остана со девет играчи, откако ветеранот Волкан Демирел доби втор жолт картон во 77. минута, а домаќините го искористија ова за да израмнат на 2:2 преку Андерсон Талиска во 82. минута. По сите оддолжувања, мечот имаше дури 10 минути дополнување во второто полувреме.
Кварезма ги однесе Бешикташ до голема победа над Фенер (видео)