Top Sport

По триумфот над Реал, убедлив пораз на Леванте од Еибар (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди одигра цел меч за тимот на Леванте кој доживеа убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај Еибар во рамки на 26 коло во Ла лига. Иако Леванте минатото коло направи подвиг со триумфот над Реал Мадрид, денеска екипата од Валенсија немаше сила за ништо повеќе против расположениот домаќин.

Прва ѕвезда кај Еибар беше Чарлс кој прецизно биеше во 27 и 48 минута за 2-0 за својата екипа.

Истиот играч во 72 минута испушти можност да постигне хет-трик откако не го реализираше ударот од белата точка.

Третиот гол за Еибар за 3 бода беше дело на Орељано во 84 минута.

И покрај поразот, Леванте е безбеден над зоната за испаѓање, а од друга страна, Еибар стигна до драгоцени 3 бода за бегство од опасната зона.

Scroll to Top