Top Sport

Победата над Интер ја прославија пред болницата во која се наоѓа тренерот Михајловиќ

Фудбалерите на Болоња, големата победа над Интер (2:1), со која веројатно им ја „врачија“ титулата на Милан, утрово ја прославиле со тренерот Синиша Михајловиќ.

Пред еден месец, 52-годишниот Михајловиќ, објави дека повторно му се вратила леукемијата и дека ќе мора одреден период да мине во болница. Болоња ја предводи неговиот помошник Мирослав Тањга, а тој внимателно од болничката постела следи што се случува во клубот.

Утрово под прозорецот го чекаше пријатно изненадување. Фудбалерите на Болоња дојдоа пред болницата, а потоа со песна го намамија Михајловиќ до прозорецот.

Болоња моментално е на 13. место во италијанската Серија А со 42 бода.

Синиша Михајловиќ е на клупата на Болоња од јануари 2019 година. Тој го предводеше тимот на 132 натпревари и има учинок од 44 победи, 34 нерешени и 54 порази.

 

Scroll to Top