Top Sport

Почетино бил изненаден што Јунајтед се решиле за Тен Хаг

Маурисио Почетино бил изненаден што Манчестер јунајтед се решиле да му дадат договор на досегашниот тренер на Ајакс, Ерик Тен Хаг да биде нивни постојан менаџер од следната сезона, тврди британскиот „Атлетик“.

Аргентинскиот тренер на Пари Сен-Жермен долго време беше главен кандидат за испразнетото место, но Тен Хаг во последните месец дена го „претекна“ и доби зелено светло да го замени Ралф Рангник на крајот на сезоната.

Според „Атлетик“, изненаденоста на Почетино доаѓа поради тоа што тој имал повеќе преговори со клубот од „Олд Трафорд“, вклучувајќи и овој месец. Според нив, Јунајтед веднаш откако го отпуштија Солскјер во ноември контактирале со Почетино, но ПСЖ јасно ставиле на знаење дека нема да го пуштат да замине во сред сезона. Покрај тоа, во Јунајтед исто така не биле воодушевени од цифрата која Почетино ја побарал за засилувања во следните неколку преодни рокови.

ПСЖ сигурно ќе ја освои титулата во Лига 1 оваа сезона, бидејќи им е потребен само еден поен, кој може да го добијат веќе против Ленс во сабота.

Scroll to Top