Маурисио Почетино едвај чека повик за да стане нов постојан менаџер на Манчестер јунајтед, тврди британскиот „Сан“, посочувајќи дека зборовите за долга иднина со Пари Сен-Жермен се „празни ветувања“.
Британскиот таблоид тврди дека повикот сигурно ќе дојде пред крајот на сезоната и дека аргентинскиот тренер ќе го прифати и покрај очигледниот хаос на „Олд Трафорд“ и наводните „кланови“ кои се создале меѓу играчите.
Во Јунајтед уште веруваат дека Почетино е најблизок со карактерот и харизмата со легендарниот Сер Алекс Фергусон. Каде во овој план се вклопува Ралф Рангник, кој не успеа да ги крене очекувањата на навивачите на Јунајтед останува нејасно. Ед Вудворд на крајот на месецот си заминува од водечкото место кај „ѓаволите“ најавувајќи дека во 2022/23, тимот ќе биде непрепознатлив.