Top Sport

Почетино ќе си го „прибере“ миленикот Ериксен во ПСЖ?

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино според повеќе извори е следниот тренер на Пари Сен-Жермен по отказот на Томас Тухел, по што италијанските медиуми одат понатаму и го идентификуваат неговото прво засилување – Кристијан Ериксен од Интер.

Според „Тутомеркато“, бидејќи Ериксен одигра 255 натпревари во шест сезони под аргентинскиот тренер и само Хери Кејн и Хеунг-Мин Сон постигнаа повеќе голови за него, тој ќе се обиде да го донесе Данецот уште во јануари.

Од Интер, вчера потврдија дека Ериксен ќе биде на трансфер-листата за јануари откако не успеа да се избори за место под тренерот Антонио Конте, кој според италијанските шпекулации воопшто не го одобрил неговиот трансфер. Во Интер се заинтересирани за Леандро Паредес и можна е трампа меѓу двата клуба.

Scroll to Top