Top Sport

Почетино: Морам да кренам трофеј со Тотенхем

Маурисио Почетино вели дека крајно време да освои трофеј со тимот на Тотенхем оваа сезона, велејќи дека „претчувствува“ дека 2019/20 ќе биде добра сезона за клубот од северен Лондон кој долго време чека трофеј.

Аргентинскиот тренер доби многу пофалби за трансформацијата на Тотенхем во клуб со големи амбиции од 2014 година, а минатата сезона беа многу блиску до трофеј откако загубија во финалето на Лигата на шампионите од Ливерпул со 2:0. Ова беше втор пораз во финалињата за Тотенхем под Почетино по поразот во финалето на Лига купот во 2014/15.

Со силен тим кој овојпат беше засилен во текот на преодниот рок, Почетино вели дека сезоната е „негова“.

„Добра сезона за нас? Лично мислам дека почнувајќи ја шестата сезона тука морам да кренам некој трофеј, Лига куп, ФА куп, Премиер лига или Лига на шампионите. Тоа е како моето куче – тоа е пораснато, но не е зрело. Не сакам да поставувам притисок на клубот, но ако зборуваме за личните амбиции, веќе не се работи за финиш во топ 4, туку за освојување на титули“, вели Почетино.

Тотенхем ја започнуваат сезоната од Премиер лигата денеска со дуел против повратниците во елитата, Астон вила.

Scroll to Top