Top Sport

Почетино: Не можевме да го смириме Сон

Корејскиот напаѓач на Тотенхем Хеунг-Мин Сон е толку вознемирен по стартот по кој фудбалерот на Евертон, Андре Гомеш доби страшна скршеница на ногата, што тренерот Маурисио Почетино и соиграчите едвај го смириле во соблекувалната.

Сон доби црвен картон во 79. минута кога стартуваше одзади на Португалецот Гомеш, кој потоа се удри во Серж Орие и доби фрактура на зглобот. Кореецот изгледаше видно вознемирен по повредата и во солзи замина во соблекувалната.

„Секако, на сите во клубот ни е многу жал. Се работи за лоша ситуација и лоша среќа. Можеме само да пратиме најдобри пораки кон него. Не е важен фудбалот, важно тој да е во ред. Сон е уништен. Беше многу збунет, едвај го држевме смирен. Секако, не беше намерно, туку само лоша среќа“, вели Почетино.

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и коментатор на „Скај спортс“, Џејми Карагер вели дека без повредата Сон не заслужил црвен картон.

„Кога давате црвен картон, самиот старт ја загрозува безбедноста на противничкиот фудбалер. Не се покажа на снимките, но Гомеш се повреди помеѓу два старта и стартот на Сон го соборува, а ногата му се заглавува под него пред да дојде Орие. Не беше за црвен картон“, вели Карагер.

Евертон до реми со Тотенхем по хорор-повредата на Андре Гомеш (вознемирувачко видео)

Scroll to Top