Top Sport

Почетино нема опција да замине во Реал Мадрид

Во новиот договор на менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, не постои опција неговиот договор да биде откупен, пренесе „Скај спортс“.

Многу медиуми, вчера, објавија дека Аргентинецот е најсериозниот кандидат да го наследи Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, бидејќи во неговиот договор постоела клаузула дека тој може да го напушти клубот доколку добие понуда од Реали или ПСЖ.

„Скај спортс“ откриле дека Почетино нема таков договор со клупското раководство.

Маурисио Почетино неодамна го продолжи договорот со Тотенхем до јуни 2023 година.

Scroll to Top