Top Sport

Почетино подготвен да ги преземе Челси, разочаран што Тотенхем не му се јавиле

Маурисио Почетино, кој според англиските медиуми е пред преземање на Челси, бил крајно разочаран што неговиот поранешен клуб, Тотенхем не го контактирале за можно враќање кога Антонио Конте добил отказ.

Почетино доби отказ од Тотенхем во 2019 година, и повеќе пати беше поврзуван со можно враќање во стариот клуб, но кога Конте си замина на крајот на март, клубот прво го постави Кристијан Стелини, а откако и тој доби отказ, Рајан Мејсон повторно седна како привремен менаџер.

Според „Токспот“, Почетино бил разочаран што од Тотенхем воопшто не му се јавиле, бидејќи чувствувал поврзаност со клубот. Но, наместо тоа, тој сега е прв кандидат за да стане менаџер на лутите лондонски ривали, Челси.

Scroll to Top