Top Sport

Почетино: Подобро да те поврзуваат со Реал, отколку со отказ!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино вели дека не му е досадно да ги отфрла шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид, бидејќи тоа значи дека тимот добро игра и дефинитивно е подобро да те поврзуваат со најуспешниот европски клуб отколку со отказ.

Почетино двапати беше гласно најавуван како тренер на Реал, по заминувањата на Зинедин Зидан и Хулен Лопетеги, но сега на клупата се наоѓа Сантијаго Солари, кој исто така е под притисок по тешкиот 0:3 пораз од ЦСКА Москва на „Сантијаго Бернабеу“.

Тотенхем стигна до осминафиналето на ЛШ со ремито со 1:1 со Барселона исфрлувајќи ги Интер, и сега се фокусира на дуелот со Барнли и 46-годишниот Почетино вели дека врските со Мадрид не се реални.

„Искрено, ваков тим на вести не ги вознемируваат луѓето. Подобро весниците да зборуваат за ова, отколку за тоа дека Тотенхем ќе ме отпуштат поради лошите резултати. Подобра е оваа опција и не ми е досадно“, вели Почетино.

Тотенхем се шест поени зад лидерите во Премиер лигата, Тотенхем и пет зад шампионите Манчестер сити.

„Мислам дека сме во добра позиција. И ми се допаѓа што се зборува за Манчестер сити и Ливерпул, а не за Тотенхем“, вели Почетино.

Фото: ЕПА

Scroll to Top