Челси веќе му порачале на Маурисио Почетино пред неговата промоција како нов менаџер на „сините“ дека повеќе треба да мисли на „кратење“ на составот отколку на носењето на нови засилувања на „Стемфорд Бриџ“, тврди „Дејли мејл“.
Челси мора да продава играчи за да ги намали трошоците за да го исполнат финансискиот ферплеј, откако последните два преодни рокови купија огромен број на играчи, вклучувајќи ги Михајло Мудрик, Енцо Фернандез, Нони Мадуеке, Беноа Бадијашил, Весли Фофана и Калиду Кулибали.
Почетино сака да добие свои засилувања, со голман, фудбалер од средниот ред и еден напаѓач ова лето, но прво ќе мора да „направи место“ во својот тим по шокантната сезона за Челси, кои се наоѓаат на 11. место на табелата.