Top Sport

Почетино: ПСЖ работи на нов договор за Мбапе

Килијан Мбапе и Пари Сен-Жермен преговараат за продолжување на договорот, тврди тренерот Маурисио Почетино покрај шпекулациите за можен трансфер во Реал Мадрид пред истекот на сегашниот договор во 2022 година.

Почетино вели дека во тимот се смирени околу иднината на 22-годишниот феномен и очекува Французинот да остане на „Паркот на принцовите“ уште многу години.

„Навикнати сме на шпекулации. Кога зборуваме за големи клубови и врвни играчи како Килијан, секогаш ќе постојат шпекулации. Најважо е што тој е тивок, што е фокусиран на својата работа и посветен на остварувањето на целите. Иако е многу млад, тој е зрел човек. Клубот и тој се обидуваат да стигнат до договор со кој Килијан ќе остане со нас уште многу години. Тоа што се случува однадвор не можеме да го смениме, но не влијае на него“, вели Почетино.

Мбапе досега има играно само во Лига 1, откако се проби во првиот тим на Монако, со кои ја освои титулата, пред во 2017 да пристигне во Париз како втор најскап фудбалер на светот по неговиот соиграч Нејмар. Тој е најдобар стрелец во францускиот шампионат последните две сезони.

Scroll to Top