Top Sport

Почетино самоуверен: Хери Кејн ќе се врати за време на финалето на ЛШ!

Тотенхем најверојатно ќе останат без Хери Кејн до крајот на сезоната во Премиер лигата, но нивниот менаџер Маурисио Почетино вели дека напаѓачот ќе се врати за време на финалето на Лигата на шампиони.

25-годишниот капитен на англиската репрезентација ги повреди лигаментите на скочниот зглоб при судир со Фабијан Делф при 1:0 победата на Тотенхем над Манчестер сити во првиот меч од четврт-финалето на ЛШ. Финалето на ЛШ се одвива на „Ванда метрополитано“ во Мадрид во јуни.

„Хери е разочаран како сите нас. Ова е тежок момент за целиот тим. Денеска е тешко да се даде датум за враќање, но тој имаше слична повреда претходно и беа потребни пет недели за опоеравување. Ако дојдеме до финалето на Лигата на шампионите, тогаш би можел да игра за нас“, изјави Почетино.

Тотенхем се четврти во Премиер лигата со еден поен пред Арсенал и три пред Манчестер јунајтед во интересна борба за место кое води во ЛШ.

Scroll to Top