Top Sport

Почетино: Тотенхем може да стане европски шампион

И покрај тоа што во Премиер лигата во последно време немаат најдобри резултати, менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино верува дека неговиот тим може да ги победи и најсилните состави во Европа и да стигне до титулата од Лигата на шампионите.

„Спарси“ имаат релативно едноставна задача пред вториот меч од осминафиналето против Борусија Дортмунд по 3:0 победата на „Вембли“ во првиот меч, но низата од само еден поен од 9 меча во Премиер лигата ги загрижува фановите.

„Во натпреварување како Лигата на шампионите или Лига Европа, слично како во домашните купови потребна ти е само победа, треба да имаш малку повеќе среќа и да играш во финалето. Мислам дека многупати досега во финалето не биле најдобрите тимови. Лигата секогаш е најважна, бидејќи таму победува најпостојаниот тим и секогаш е подобар од другите 19. Но, ние веруваме дека можеме да победиме било кого и одиме со таа доверба во мечот против Борусија“, вели Почетино.

Проблем за Почетино можат да се повредите – Деле Али се врати на тренинзи, но најверојатно нема да игра во вторник, а во аут се и Хери Винкс (колк) и Ерик Даер (тонсилитис), како и Киеран Трипиер.

Scroll to Top