Top Sport

Почетино веќе бил на вечера со Бартомеу, денеска ја презема Барса?

Маурисио Почетино е главен кандидат за жешкото место на клупата на Барселона како замена за Кике Сетиен, тврдат шпанките медиуми откако поранешниот менаџер на Тотенхем оваа недела веќе бил на вечера со претседателот на клубот, Жосеп Бартомеу.

Позицијата на Сетиен по засрамувачкиот 8:2 пораз од Баерн Минхен е едноставно неоддржлива, и се очекува само да се заврши формалноста и тој да добие отказ. Кој ќе си оди со него, останува да се види, иако се верува дека и спортскиот директор Ерик Абидал е пред излез од клубот.

Како поранешен фудбалер и тренер на Еспањол, 48-годишниот Почетино претходно се дистанцираше од позицијата во Барселона, изјавувајќи пред три години дека повеќе би сакал да работи на фарма, но неодамна тој ги повлече овие изјави.

Каталонските медиуми тврдат дека Аргентинецот има одлични односи со Бартомеу и дека е најприродниот избор. Бартомеу има уште една година претседателски мандат во Барселона, така што тој што ќе биде избран најверојатно ќе биде отпуштен по политичката промена. Легендата на клубот, а во моментов тренер на катарскиот Ал-Сад, Чави, исто така е во игра, но тој неодамна изјави дека чека нов претседател и сака да добие целосна контрола во тимот.

Scroll to Top