Top Sport

Почетино за Донарума: И мојата сопруга мисли дека јас сум најдобриот

Проблемите за Џанлуиџи Донарума продолжуваат во Пари Сен-Жермен, откако пропуштиа шанса да биде на голот на францускиот гигант по црвениот картон на Кејлор Навас, додека во исто време тренерот Маурисио Почетино сакаше да го „замолчи“ неговиот агент Мино Рајола.

Навас доби црвен картон при вчерашниот 3:1 триумф против Нант, но Донарума не беше ниту на клупата откако добил стомачен вирус, така што на голот излезе третиот голман Серхио Рико.

Почетино, пак, одговори на Рајола за неговите коментари дека Донарума е поставен во позиција на „чирак“ на Навас неколку месеци откако ја доби наградата за играч на турнирот на ЕУРО 2020, каде што Италија стигна до трофејот.

„Сите агенти мислат дека нивните фудбалери се најдобри и мора да се стартери. И мојата сопруга мисли дека јас сум најдобриот тренер, иако јас постојано и кажувам дека не е така. Има љубов, сите сакаме да ги заштитиме нашите, така што тоа е човечки. За мене, мојот син е најзгоден и најинтелигентен. Љубовта е важна во животот, но еден тренер не смее да размислува така“, вели Почетино.

Scroll to Top