Поранешниот камерунски фудбалер, Бенџамин Масинг почина на 55 години, објавија локалните медиуми. Масинг беше познат како „човекот на најопасниот старт“ во историјата на Светските првенства во 1990 година.
Неговиот неверојатен старт на Клаудио Каниџа во првиот меч од првенството против Аргентина во Милано честопати се споменува како „најлошиот старт“ во историјата на Мундијалите. Токму Масинг беше лидерот на дефанзивната линија на Камерун која беше „жестока“ и со која стигнаа до четврт-финалето на турнирот, како прв африкански тим.
Масинг доби црвен картон во мечот со Аргентина и не играше на следните три, но се врати за дуелот со Англија во осминафиналето, каде што по негов старт над Гери Линекер беше досуден пенал, а Камерун загубија со 3:2 во продолжението.
Масинг, кој играше во Франција во тимот на Кретиел, имаше 34 настапи за Камерун од 1986 до 1992 година. Причината за неговата смрт засега не е позната.