Гери Марсден, човекот кој ја испеа химната на Ливерпул „You’ll never walk alone“, починал во неделата на 78-годишна возраст.
Марсден роден во Ливерпул, бил фронтмен на групата Garry and the Pacemarkers. Хитот „You’ll never walk alone“, бил преработен од групата во 1960 година. Оригиналата верзија на оваа песна е напишата во 1945 година од американските композитори Роџерс и Хамерстајн.
Верзијата на Марсден и неговата група, навивачите на Ливерпул ја прифатиле како своја химна во 1963 година. Ове е една од најпознатите фудбалски химни во светот.
„You’ll never walk alone“, на своите натпревари ја пуштаат и фудбалските клубови Селтик, Феенорд и Борусија Дортмунд.
Марсден, нова верзија на ова песна сними во април 2020 година во чест на Националната здравствена служба на Велика Британија, како поддршка во нивните напори, во борбата против коронавирусот.