Top Sport

Почина фитнес тренерот на Тотенхем – Пред неколку дена дознал дека боледува од леукемија

Фитнес тренерот на Тотенхем, Џан Пјеро Вентроне, почина од леукемија. Имаше 62 години.

Еден од најблиските соработници на менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте во Италија го доби прекарот Маринец, поради неговите спартански методи на тренирање. Тој почина во четвртокот, само неколку дена откако му беше дијагностицирана болеста.

Во Тотенхем пристигна минатата година, а претходно осум години беше фитнес тренер на Јувентус, од 1994 до 1999 година и од 2001 до 2004 година, кога на клупата на торинскиот клуб седеше Марчело Липи. Во Јувентус соработуваше и со Конте.

Scroll to Top