Top Sport

Почина францускиот фудбалер кој 39 години беше во кома

Поранешниот француски фудбалер Жан-Пјер Адамс, кој 39 години беше во кома, почина на 73-годишна возраст.

Адамс во 1982 година, бил на рутинска операција на коленото од која повеќе не се разбудил.

Тој ден во Франција штрајкувале лекарите, анестезиологот кој бил на смена, во еден момент водел осум операции. По грешка на фудбалерот ја згрешил дозата.

Адамс, во кариерата настапувал за ПСЖ и Ница. За Франција одиграл 22 натпревари.

Scroll to Top