Top Sport

Почина германската фудбалска легенда Ханс Шефер

Германскиот фудбал тагува по Ханс Шефер, еден од клучните играчи на репрезентацијата на Западна Германија, која првпат го освои Светското првенство во 1954 година.

Поранешниот играч на Келн почина во вторникот на 90 години, опкружен со семејството. Со заминувањето на играчот од средниот ред кој во своите најдобри години беше нарекуван „најдоброто лево крило на светот“, од славната генерација од „Чудото во Берн“ жив остана само уште Хорст Екел.

Шефер цела кариера ја помина во Келн, постигнувајќи 254 гола во 394 настапи, и е еден од најлегендарните фудбалери во 70-годишната историја на тимот.

„Цел Келн жали заедно со семејството на Ханс Шефер. Губиме голема личност. Светски шампион и икона на нашиот клуб. За нас Ханс Шефер е бесмртен“, изјави претседателот на клубот, Вернер Спинер.

Scroll to Top