Top Sport

Почина легендарниот италијански тренер Карло Мацоне

Италијанскиот фудбал со минута молк на мечевите од првото коло во Серија А ќе му оддаде последна почест на поранешниот тренер на Рома, Болоња и Бреша, Карло Мацоне, кој почина на 86 години.

Страствен навивач на Рома, Мацоне помина низ младинската академија на „волчицата“, на чија клупа беше од 1993 до 1996 година, и стана ментор на уште едена легенда на клубот, Франческо Тоти.

Тој работеше и во Фиорентина, Каљари, Наполи и Перуџа, но остана познат во финшот на неговата кариера кога работеше со Роберто Баџо во Бреша и Болоња. Токму во Бреша тој го имаше својот најпознат момент, кога го прославуваше израмнувачкиот гол за 3:3 со трчање кон навивачите на Аталанта кои го навредуваа 90 минути. Неговата сопруга го натера да се пензионира во 2006 година, кога работеше со Ливорно.

Scroll to Top