Top Sport

Почина легендата на Ливерпул Роџер Хант

Легендарниот напаѓач на Ливерпул, Роџер Хант, починал на 83-годишна возраст, во својот дом. Хант е вториот најдобра стрелец во историјата на Ливерпул и член на англиската репрезентација, која во 1966 година стана светски првак.

Хант, во кариерата одиграл 492 натпревари за Ливерпул, постигнал 285 голови. Неговиот рекорд во 1992 година го урна Ијан Раш. Сепак, кога станува збор само за првенствените натпревари, тој е најдобриот стрелец на Лиерпул, со 244 голови. Црвениот дрес го носел во периодот од 1958 до 1969 година.

Со Ливерпул два пати бил шампион на Англија.

Сер Роџер, како што го нарекувале навивачите на Ливерпул, бил легенда и во англиската репрезентација. Постигна три гола на шесте натпревари на Мундијалот во 1966 година.

Scroll to Top