Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (1993-1999) и долгогодишен спортски работник, Љубисав Иванов-Ѕинго, почина денеска на 84-годишна возраст.
„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал. Во име на ФФМ и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго“, се вели во телеграмата со сочуство од Куќата на фудбалот., напиша Муамед Сејдини претседател на Фудбалска федерација на Македонија“.