На 78-годишна возраст денеска во Велика Британија починал Фил Чиснал, напаѓачот кој во далечната 1964 година од редовите на Манчестер Јунајтед направи трансфер во лутиот ривал, Ливерпул. Од таа 1964 година ниту еден фудбалер не направил директен трансфер меѓу овие две екипи во Премиерлигата.
Чиснал на „Олд Трафорд“ поминал 6 сезони пред да стигне во редовите на Ливерпул во време додека „црвените“ ги предводел Бил Шенкли.
Чиснал во шеесетите години од минатиот век бил сметан за еден од најдобрите играчи на својата позиција.
За „ѓаволите“ настапил на 47 меча со учинок од 10 гола, а вредноста на неговиот трансфер во Ливерпул изнесувала 25.000 фунти.
За „црвените“ одиграл само 9 меча и постигнал 2 гола.
По овој трансфер двата лути ривали никогаш повеќе не разменувале играчи.