Top Sport

Почина прославениот француски голман Бруно Мартини

Фудбалскиот клуб Монпелље објави дека на 58 годишна возраст, од срцев удар, починал поранешниот француски репрезентативец, Бруно Мартини. Во Монпеље, Мартини работел како тренер на голманите.

Бруно Мартини најголем дел од својата кариера минал во Оксер и Монпеље, за репрезентацијата на Франција, во периодот од 1987 до 1996 година, бранел на 31 натпревар.

На голот на Франција го наследи Жоел Батс, а потоа местото му го отстапи на Фабијан Бартез.

Професионалната кариера ја завршил во 1999 година.

Потоа ги тренирал голманите во француската репрезентација, има злато од ЕП во 2000 година и сребро до СП во 2006 година.

Scroll to Top