Top Sport

Почна „распродажбата“ – Барса го даде Мингеза на Селта Виго

Барселона, по сите звучни засилувања во летниот преоден рок, почна да се ослобоува од „вишокот“ фудбалери, откако Оскар Мингеза беше продаден на Селта Виго, со кои потпиша четиригодишен договор.

Шпанските медиуми тврдат дека договорот вреди околу 5 милиони евра, а каталонскиот клуб ќе добие и процент од секоја евентуална продажба. 23-годишниот Мингеза е еден од само тројцата фудбалери во историјата кој играл во секое ниво на каталонскиот клуб откако се приклучи на нивната славна академија „Ла масија“.

Тој дебитираше во сениорскиот тим под Роналд Куман минатата сезона, и постигна два гола – од кои еден против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. По пристигнувањето на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде неговото место во тимот стана многу неизвесно.

Scroll to Top