Спортскиот директор на Рома Рамон Вардехо Мончи сака на тренерската позиција да остане Еузебио Ди Франческо, додека претседателот на клубот Џејмс Палота има поинакви планови.
„Како што пишува „Кориере дело Спорт“, Мончи и Палота во моментов се во САД каде ги прават плановите за летниот преоден рок и за наредната сезона 2018/2019.
Мончи бил задовоелн од работата на тренерот и сметал дека тимот треба да се гради според плановите на Ди Франческо.
Од друга страна претседателот Палота немал трпение и најавил дека тренерот ќе добие отказ доколку Рома не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Рома во моментов се наоѓа на четвртата позиција во Серија А, а во неделата на „Олимпико“ го загуби дербито со Милан (0-2).