Top Sport

Подготвени биле да го продадат Роналдо

Ниту најбогатите фудбалски клубови не се имуни на финансиската криза која ја предизвика коронавирусот. За да преживеат клубовите воведуваат вонредни мерки, се обидуваат максимално да ги намалат расходите. Еден од многуте клубови што размислува за намалување на трошците е и Јувентус.

Италијанските медиуми тврдат дека во клубот ќе го разгледаат договорот на Кристијано Роналдо. Португалецот има астрономска плата, без бонусите и премиите тој има годишна нето плата од 31 милион евра.

Актуелниот договор на Роналдо истекува за две години, поради што клупските челници имале неколку сценарија како да ги намалат неговите примања.

Една опција била да потпишат нов две годишен договор со значително помала плата. Втората опција била Роналдо да биде продаден за сума од 75 милиони евра.

Третата опција која најмалку ја посакувале во клубот е тој да не прифати ниту едно од понудените сценарија и да остане во Јувентус.

Scroll to Top