Top Sport

Подолски се враќа дома, во Горник!

Поранешниот германски репрезентативец, Лукас Подолски, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Горник Забже, полскиот клуб каде што ја започна својата долга кариера.

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Арсенал, Интер и Анаталијаспор, е роден во Полска, но израснат во Германија, и откако полските селектори не го викаа во репрезентацијата, тој се реши да настапува за „маншафт“, освојувајќи го Светското првенство во 2014 година.

Во клупскиот фудбал, 36-годишниот Подолски ја освои Бундеслигата со Баерн Минхен, а и ФА купот со Арсенал.

Scroll to Top