Top Sport

Подолски: Турскиот фудбал е како комедија, повеќе се коментираат судиите отколку фудбалот

Германскиот фудбалски ас, Лукас Подолски вели дека користењето на ВАР системот и судиите во турскиот фудбал се претвораат во „комедија“ и дека се создава хаотична атмосфера околу фудбалот.

Подолски, кој ја освои светската титула со Германија во 2014 година, минатата година се врати во Европа во Анталијаспор по настапите за Висел Кобе во Јапонија и вели дека е разочаран од односите меѓу фудбалерите, менаџерите и фановите со фудбалските судии, а додава дека ниту ВАР не помага. По 1:1 ремито со Фенербахче, 35-годишниот ветеран го кажа своето разочарување.

„По мечевите никој не ги гледа перформансите на фудбалерите и на тимовите. По мечот со Фенербахче, не видов коментари за добрата игра на Анталија, туку само за судиите и одлуките. Така е секоја недела и тоа не е добро за турскиот фудбал. Судиите прават грешки, ние правиме грешки. Однесувањето на луѓето, изјавите на тренерите, секогаш има некоја хаотична атмосфера. Играме фудбал 60 минути на теренот поради многуте прекини. За некого е пенал, за некого не е. Со ВАР требаше да се забрза играта, но сега уште повеќе се коментира. Сите врескаат. Како некоја комедија“, вели Подолски.

Scroll to Top