Top Sport

Погба „блесна“, Јунајтед го уништи Стоук (видео)

Манчестер јунајтед се „одлепи“ од Ливерпул и Челси за да биде сам на второто место во Премиер лигата со 12 поени помалку од Манчестер сити, откако ги совладаа Стоук сити со 3:0, оставајќи го тимот кој го ангажираше Пол Ламберт денеска во зоната за испаѓање.

Во првото полувреме, Стоук успеа да ги задржи нападите на Јунајтед и да направи неколку добри шанси, меѓутоа нема одговор за фантастичниот Пол Погба, кој во 9-тата минута намести совршена шанса за Антонио Валенсија, за во 38. минута да го најде и Марсијал за уште еден одличен гол.

Во второто полувреме, Јунајтед ја доврши работата, откако Ромелу Лукаку во 72. минута помина двајца играчи за уште еден гол.

За „Ѓаволите“ ова е трета победа во низа, а комбинирано со вчерашниот пораз на Манчестер сити, прв оваа сезона, надежите на „Олд Трафорд“ се дека титулата уште не е загубена.

Scroll to Top