Top Sport

Погба: Чичко Евра е „златно момче“

Пол Погба го бранеше својот француски сонародник Патрис Евра, откако тој беше отпуштен од тимот на Марсеј поради контроверзниот удар на еден навивач на ОМ пред мечот од Лигата на Европа против Виторија Гимараеш.

36-годишниот Евра го загуби договорот со Марсеј и беше суспендиран од УЕФА, но играчот на Манчестер јунајтед, Погба вели дека неговиот француски колега е „чичко за сите“ и значајна личност во соблекувалната.

„Имиџот кој го имаше и пред проблемите не беше најдобар, но тој навистина е златно момче. Помага на тимот и на тренерите. Дури и на клупа, тој е човек кој ќе ги охрабри сите, личност која ќе биде со нив и ќе дојде во соблекувалната да зборува со сите. Еден од ретките играчи кои те мотивира со тоа што ти вели: ’Биди подобар од мене, пуштете ги младите да играат’. Вистински лидер, голем брат за сите. Чичко Пат како што го викам јас. Тој е чичко за сите“, изјави Погба во интервју за „СФР Спорт“.

Крај за Евра – УЕФА го суспендираше, Марсеј го отпушти

Scroll to Top