Top Sport

Погба е подготвен за стартот на сезоната против Челси

Пол Погба е фит и ќе биде во составот на Манчестер јунајтед за првиот меч од новата сезона во Премиер лигата против Челси на „Олд Трафорд“, потврди Оле Гунар Солскјер.

Погба се мачеше со повреда на грбот пред пријателскиот меч со Кристијансунд во Осло минатата недела и не беше дел од составот кој играше со Милан во текот на викендот. Ова доаѓа по цело лето шпекулации дека тој ќе замине во Реал Мадрид или во Јувентус, но очигледно Французинот  останува „ѓавол“.

„Пол секогаш е истиот, секогаш е одличен. Кога и да ме прашате за него, тој е фантастичен – влегува во игра и го дава максимумот“, вели Солскјер.

Ерик Баји е единствениот кој има проблеми со повредите, откако ќе паузира до Божиќ по операцијата на коленото, а Алексис Санчез ќе добие поштеда на стартот на сезоната по настапите на Копа Америка.

Scroll to Top