Пол Погба има големи шанси во летниот преоде рок да го смени клубот. Францускиот репрезентативец не крие дека би сакал еден ден да игра во Реал, особено сега кога тренер е Зинедин Зидан.
Погба, чии менаџер е контроверзниот Мино Рајола, наводно поставил услови под кои би останал на „Олд Трафорд“. На крајот на денот се се сведува на парите.
Францускиот ас побарал од клубот неделно да заработува како Аексис Санчез. Интересно истите услови ги поставил и голманот Давид Де Хеа.
Значи Погба бара неделна плата од 500.000 фунти неделно, односно сака зголемување на неделните приходи за 200.000 фунти.
Погба има договор со Јунајтед до 2021 година и клаузула според која клубот истиот може да го продолжи за уште една година.
Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, има приоритет да го задржи Де Хеа во тимот, а Погба би го пуштил доколку за него стигне финансиски добра понуда.