Top Sport

Погба ја одложил одлуката за можна операција на коленото

Новото засилување на Јувентус, повратникот Пол Погба ја одложил својата консултација за операцијата на коленото, бидејќи сака да разговара со луѓето од француската репрезентација за потенцијалниот потег кој може да го исфрли од Светското првенство во Катар.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, има повреда на менискусот во десното колено по тренингот со Јуве во Лос Анџелес, и се очекуваше да оди на операција во САД, по која би паузирал еден месец, но наместо тоа тој се вратил во Европа. Погба требаше да оди на консултации кај францускиот хирург Сонери Коте-Бертран (кој му изврши операција на Златан Ибрахимовиќ), но ќе почека до следната недела.

Според „Ла газета дело спорт“, медицинскиот тим на француската репрезентација сака да почека пред да се донесе конечна одлука. Операцијата која би го отстранила од терените само еден-два месеци би била само привремено решение и постои ризик да се влоши повредата. Доколку се решат за втората операција, со „сечење“ на менискусот проблемот би бил решен, но тој би паузирал повеќе од 5 месеци.

Scroll to Top