Пол Погба смета дека Единсон Кавани донел во Манчестер јунајтед квалитети какви што немаше во тимот и покрај класата на играчи како Антони Марсијал, Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд.
Иако имаше многу критики за носењето на 33-годишниот Уругваец на „Олд Трафорд“, кого дел од фановите го сметаа за „слаба утеха“ по неуспехот да се донесе првата цел, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, Погба вели дека неговото присуство носи поинаква димензија на тимот.
„Сите знаат дека Еди е напаѓач од светска класа, какви што има малку на планетата и среќни сме што го имаме. Знаеме дека се најтешки таквите голови. Имаме талентирани фудбалери, Антони Марсијал, Раши напред, дури и младиот Мејсон, кои знаат да шутираат од далеку, но го немаат тоа искуство на Еди, тој квалитет на Еди. Тој е секогаш на вистинското место во вистинскиот момент“, вели Погба.